Резбарство Дел 2 – Семеjството што го одржува занаетот во живот

For English click here.

Со корењата длабоко во почвата и гранки кои посегнуваат високо кон небото, за многу нации, дрвото ја симболизира врската меѓу двата света – земјениот и небесниот.

За резбарството во Македонија Ви зборував во Дел 1, во овој дел ќе обрнам повеќе внимание на креаторите на оваа уметност – резбарите.

За да се практикуваа оваа уметност пожелно е да се поседува дарба, а она што е неопходно за да се оствари вистинскиот потенцијал е секојдневна напорна работа. Раката на резбарот станува сè повешта со секое завршено парче и како што секој нареден пат кога неговата замисла и фантазија стануваат реалност презентирана преку неговото ремек дело, така и тој расне како уметник и создава наследство за наредните генерации.

За жал, сè помалку луѓе се занимаваат со овај занает. А со самото тоа што станува поредок во исто време станува и сè по скапоцен.

Чест ми е да Ви преставам едно посебно семејството. Посебно, поради позитивната енергија и љубезност кои ги поседува, но пред сè поради тоа што го одржуваат во живот овај посебен занает кој е веќе во исчезнување.

Семејството Крстевски од Битола сеуште создава резби кои инспирираат со мајсторството и деталите. Можете само да замислите колку трпение треба да се поседува за такво нешто да биде создадено. А во исто време колку исполнета е личноста што го прави тоа кога ќе го види крајниот резултат.

180113_501314942735_2796475_n

Сите членови на семејството се посветени на Професионалното Ателје и Академија „Пердика“, како единствено регистрирано во Македонија за изработка на црковен ентериер, како и на други ентериери и екстериери. Гоце Крстевски е основач и во исто време сопственик на „Пердика“ повеќе од 25 години. Имаат учествувано на повеќе од 100 изложби и колонии, како самостојни така и заеднички, во земјата и странство.

180152_501314647735_84299_n

Нивните дела можат да се најдат на сите континенти, во сопственост на кралеви, претседатели, дипломати, колекционери… (и кај мене дома 🙂 )

Гоце претставува автор на првата книга за резбарство на македонски јазик „Душата на дрвото“, како и иницијатор за формирањето на ЗКМАК ИЗЗ Ерменија каде воедно е претседател за резбарство.

 

 

 

Постигнатиот успех припаѓа на сите членови на семејството, покрај Гоце, неговата сопруга Мирјана која ги подготвува сите проекти, нивниот постар син Митко, кој е единствениот Магистер по резбарство во Македонија, и нивниот помлад син Филип, кого гордо го нарекувам пријател, менаџер на Ателјето и Академијата „Пердика“.

 

 

 

Заедно имаат создадено повеќе од 30 иконостаси за цркви во Македонија, како и во Австралија. Гоце и Филип моментално работаат на иконостас наменет за црква во соседна Грција.

 

 

 

This slideshow requires JavaScript.

Според Филип, а ќе се согласат и останатите, може да се користат различни видови на дрво, но најкомпактно и најдобро дрво за резба претставува оревот. Следи кратко објаснување на процесот на создавање резби, поделен во неколку чекори:

  • Цртање на мотивот директно на дрвото со пенкало (може да се користи индиго), ова е дел на кој е посветена Мирјана;
  • Резбање на безбедносна линија до самиот мотив со резбарски нож;
  • Со длето грубо се прави позадината до саканата длабочина;
  • Се проверува дали мотивот е подеднакво испакнат од сите страни;
  • Се мазни позадината;
  • Се заоблуваат ивиците со рамно длето со засечен врв или со резбарски нож;
  • Се завршува дизајнот;
  • Шмирглање на површината на мотивот;
  • Шмирглање на позадината на мотивот;
  • Додавање на детали, тука доаѓа до израз талентот на резбарот;
  • Повторно шмирглање додека не се познаваат потезите со длетото;
  • Лакирање, боење и сл. да се зголеми векот на траење.                                                11295539_10152981330567736_4162968251033345903_n

За крај, морам да кажам дека сум горда што го познавам Филип и неговото семејство. Секогаш ќе се восхитувам на нивната решителност да го одржат занаетот во живот. За нив резбарството не претставува обичен занает туку е значаен дел од нивниот живот. Сите треба да им дадеме признание за напорната работа и посветеност.

Ако сакате да дознаете повеќе за нив и нивната работа слободно контактирајте го Филип.

♣ ♣ ♣

Црно-бели фотографии изработени од Сашо Паркет.

8 thoughts on “Резбарство Дел 2 – Семеjството што го одржува занаетот во живот

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.