
„На жената и требаат низи и низи од бисери.“
-Коко Шанел
Накитот претставува најсоодветно дополнување на женската убавина. Ретко која жена не го обожава и посакува и ретко која жена не сака да добива внимателно и со вкус избрани подароци. За овој 8ми Март ја решивме Вашата дилема што да и подарите на Вашата драга особа.
Најубавиот накит кој претставува вечна класика е токму бисерот. А ние сме горди што го имаме Охридскиот Бисер како македонски бренд кој скоро еден век ја надополнува убавината на дамите низ целиот свет. За овој 8ми март да се погрижиме тоа да бидат што повеќе дами во нашата земја.
Благодарение на семејството Филеви од Охрид, доследни на традицијата но во тренд со модните збиднувања и потребите на современата жена, бисерите комбинирани со филигран, маркизет и други елементи може да бидат дел од Вашето секојдневие. Научете повеќе за историјата и Тајната на Охридскиот Бисер.
Наводно оваа сезона бисерите се вратиле на голема врата, а всушност никогаш и не излегле од мода. Треба само внимателно да се изберат соодветните модели и да се комбинираат со соодветните парчиња облека. Бисерите може да се носат во секоја пригода и на секоја возраст.
Фотографиите се направени во топлата и релаксирачка атмосфера на хотел Royal View во Охрид. Самото име кажува многу, ја направивме најдобрата комбинација, спектакуларниот поглед на стариот град и Охридското Езеро со Охридските Бисери носени од кралици, принцези и други славни дами. Сето тоа надополнето со коктелот на градот Охрид Еден Бисер. Повеќе за тоа во наредниот пост.
Во месецот на жената, ексклузивно во соработка со фамилијата Филеви, Whisper Ви овозможува попуст од 15% на сите производи во продавниците на Филеви во Охрид и Скопје. Сé што треба да направете е при купување во нивните продавници да го покажете Ваучерот.
Сочувајте го ваучерот на Вашиот мобилен и едноставно покажете го кога ќе купувате и добијте 15% попуст. Да придонесеме за зачувување на животната средина не го печатете ваучерот.

„Бисерите се секогаш соодветни.“
-Џеки Кенеди
Како би немало забуна за кои продавници се однесува попустот погледнете на линковите кои следуваат која е локацијата на истите. Особено може да биде збунувачки со многуте продавници за бисери во Охрид, треба да знаете каде да ги пронајдете најдобрите, плус и да добиете попуст.
Локација во Охрид:
Филеви Продавница I Ул. Коста Абраш бр.13, 6000 Охрид
Филеви Продавница II Ул. Цар Самоил бр.20, 6000 Охрид
Музеј и Продавница III Ул. Илинденска бр.40, 6000 Охрид
Локација во Скопје:
Miss Pearl ГТЦ – приземје 1000 Скопје
Facebook страна со контакт за Скопје
Подарете накит што останува и за идните генерации. Македонски бренд „Охридски Бисер“. Уживајте во убавината на бисерите во фотографиите кои што следат.
Фотографија: Бранкица Бошнакоска
Шминка: Jasmineye
Фризерски салон: Infinity
Super !!!
Beautiful and classy
LikeLiked by 1 person
Thank you 😁
LikeLiked by 1 person
🙂
LikeLike
Reblogged this on Whisper.
LikeLike