
For English click here.
…
Кога нарачуваме коктел всушност купуваме ветување на течно бегство кон среќата. Таа комбинација на различни пијалаци како алкохол и сокови, овошје, зачини, мраз итн. треба да разбуди чувства, спомени, а во исто време да создаде нови во една посебна атмосфера. Затоa е важно тоа ветување да се исполни.
За сите љубители на коктели и луѓето кои ценат одличен пијалак, Ви претставувам еден специјален коктел, создаден токму за мојот град – Охрид.
„Еден Бисер“ претставува коктел кој дава класа и чувство на егзотично кое можете да го искусите само во овој град, во рестораните и кафе баровите кои имаат лиценца да го прават. Едно од тие места е хотелот Ројал Вју каде што имавме можност да уживаме во овој извонреден пијалак. Тоа е хотел кој што секогаш го препорачувам пред сé поради пријатната атмосфера и одлична услуга, прекрасно место за престој препознатливо по вкусната храна со уникатни рецепти и најдобрата локација во градот со најубавиот поглед. За повеќе информации посетете ја нивната веб страна.
Името на коктелот е поврзано со надалеку познатиот Охридски Бисер. Со нарачувањето на овој коктел, покрај задоволство, добивате и бесплатен сувенир. Тоа е мешалката што доаѓа во Вашата чаша украсена со оригинален Охридски Бисер од семејството Filevi. Откако ќе го испиете коктелот можете да си го земете овој скапоцен подарок како спомен за прекрасно поминатите моменти. После повеќе испиени коктели можете сами да си направите огрлица со оригинален Охридски Бисер.
Коктелот може да се опише како топол и горчлив од алкохолот, но сладок и освежителен од овошниот сок. Ќе Ве врати во летните ноќи покрај свежиот езерски брег, бркајќи ги сите грижи и секојдневен стрес. Можеби е до алкохолот, но навистина Ви дава чувство на слобода и расположение како да сте на некоја тропска дестинација.
Бојата која се добива од Сино Куракао ги симболизира сино-тиркизните води на Охридското Езеро. Можеби забележавте на фотографиите, во зависност од светлината, бојата на коктелот се менува исто како и водите на езерото во различни временски прилики. Покрај Сино Куракао, коктелот содржи и Водка Ванила, сируп од passion fruit, лимон и сок од јаболко, на крај последната состојка е секако Охридски Бисер. Совршена комбинација која резултира со пијалак кој е соодветен во било кој дел од годината.
Ова искуство ќе Ве чини само 240 ден. Без ралика во кој дел од годината го посетувате Охрид, после неколку коктели летото ќе дојде.
Прочитајте повеќе за Тајната на Охридскиот Бисер и разгледајте некои од моделите на Филеви во статијата Охридски Бисер за секоја дама. Ваучерот за 15% попуст сеуште важи во продавниците на Филеви, доволно е само да го покажете на Вашиот телефон.
Фотографија: Бранкица Бошнакоска
Шминка: Makeup Studio Jasmineye
За повеќе и слична содржина следете ме на социјалните мрежи:
Cheers!🌹
LikeLiked by 1 person
🍹🍸🍻
LikeLike
Cheers!♥️🍦🍷🥂
LikeLike