Пешна – пештерата каде реалноста и фантазиjата се соединуваат

Cave Pesna Пешна

For English click here!

Пештерата Пешна преставува една од најатрактивните природни убавини во нашата земја, прогласена за природно наследство на Македонија. Воедно претставува пештера со најголем отвор на Балканот. Сместена е на само 6 км од Македонски Брод на регионалниот пат за Самоков.

За жал, не многу луѓе знаат за оваа убавина која е сеуште неистражена туристичка дестинација. Затоа во оваа статија ќе се запознаеме подобро со ова наше богатство и се надевам ќе посакате да ја посетите. Иако Пешна се наоѓа на само 1,5 час возење од Охрид ова беше мојата прва посета на пештерата заедно со мојот сопруг. Неколку месеци ја планиравмее оваа посета, но секогаш одложувавме поради некоја причина. Конечно дојде моментот да го видиме ова чудо на природата.

Полека се приближувавме со автомобилот и кога наеднаш во ридовите пред нас се појави огромно окно. Следуваа извици на изненадување и возбуда. Очекувавме да биде голема, но не до толку. Пред да тргнеме, се разбира, истражувавме на интернет и ги видовме фотографиите на пештерата, но верувајте ми, ништо не може да ве подготви за она што ќе го искусите на самото место.Cave PesnaГо паркиравме автомобилот пред ресторанот на крајот од патот и продолжиме пешки. Тоа беше пријатно и возбудливо 10-15 минути пешачење до влезот. Патеката што води кон пештерата е затворена со дрвја и грмушки и води кон нејзиниот неверојатно огромен влез.31179915_10156453892763447_5761653792420397056_nКако што се приближувавме, звукот на реката стануваше посилен. Ова е веројатно најдобриот период од годината да се посети пештерата, бидејќи има голема количина на вода што излегува од пештерата правејќи прекрасни водопади. Знаев дека треба да има мало езеро на крајот на пештерата, кое за жал го немаше. Веројатно во текот на изминатите години водата го сменила патот.Cave Pesna Пешна

1
Пештерата веќе е истражена и она што беше откриено не беше мечка во хибернација :), туку езеро двесте метри под земјата. Ова езеро има ендемичен вид  на риба со кожа која наликува на човечката, нешто што е пронајдено во Постојнска Јама во Словенија.
Очекував пештерата да биде подлабока и рамна, барем така изгледаше на фотографиите, што беше разочарувачко за една секунда. Потоа видов колку е висока и дека можам да ја испитам внатрешноста, да се качувам по стрмните терени низ малите и големи карпи.
Cave Pesna
Во пештерата нема сталактити, но сигурна сум дека ќе уживате во прекрасно обликуваната карпа. Ова природно ремек дело остава без здив со својата големина, величина и убавина. Таа е висока 30 метри и длабока околу 70.
31206219_10156453894433447_7472419865773473792_n
Постојат ендемични видови на лилјаци кои се многу важни за екосистемот, еден од нив е на следната фотографија! Упс, тоа е мојот сопруг. Ние не успеавме да ги видиме лилјаците, но имаше многу други птици, како гулаби во различни бои.
Peshna Cave
Овие огромни карпи, високи над 2 метри, стојат тука со векови. Совршено беше безбедно да се движите наоколу, само ако одите со мали деца, можеби не е најдобра идеја да ги оставите без надзор.
31189965_10156453893108447_4277882809449709568_n
Посетата беше вистинско спокојство за мене. Кога се искачивме високо и можевме да го видиме целиот облик на влезот во пештерата, како џиновско око низ кое гледаш во надворешниот свет. Едноставно седнавме и се опуштивме, дозволувајќи им на нашите мисли да течат по звуците на проточната вода.
Cave Peshna
Таванот и ѕидовите на пештерата блескаат со неверојатни бои, од светло зелена до темно виолетова. Од друг агол, изгледа сосема поинаку. Едноставно не можев да престанам да фотографирам, и навистина ми беше тешко да изберам кои фотографии да ги искористам, бидејќи сите се посебни на некој начин.
Cave Pesna
Оваа пештера во New York Times беше опишана како идентична со имагинарните пештери во трилогијата “Господарот на прстените”. Остатоците од тврдината изградени во внатрешноста на пештерата, изгледаат како Длабоката тврдина на Хелм во “Господарот на прстените”.
Cave Pesna
Овие ѕидови во внатрешноста на пештерата се поврзани со друга локација во близина. Како што се движите на ридовите пред патот кон пештерата, ќе ги забележите остатоците од средновековната тврдина. Според легендата, кралот Марко имал четири сестри и тој изградил домови за две од нив во оваа област. Една од сестрите била Дева и нејзината куќа била тука ,на ридот, локација денес позната како Девини Кули. Сеуште можете да видите некои остатоци од објектот на врвот на ридот, и ако сакате и имате доволно време, можете да се качете до нив.
DSC08433
За другата сестра Пешна, кралот Марко изградил дом на влезот во пештерата. Пешна го користела ехото на пештерата за да комуницира со нејзината сестра. Две села во оваа област, Девиќ и Пешна, се именувани по двете сестри.
Целиот регион изобилува со чиста, недопрена природа, каде што можете да имате пикник до реката Треска, која се наоѓа на неколку стотици метри од пештерата. На самата река се наоѓа мотел и рибник „Пешна“. Во близина на пештерата има традиционален ресторан “Дедо Илија”, каде што можете да пробате традиционални македонски јадења.
31131417_10156453887728447_7769377366362554368_n
Ова беше навистина неверојатно искуство, нешто толку блиску до нас, а ни требало толку време вистински да го откриеме и истражиме. Се надевам Пешна ќе биде Вашата следна авантура.

Astonish

Advertisements

4 thoughts on “Пешна – пештерата каде реалноста и фантазиjата се соединуваат

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s