Steve’s Coffee House – врвен квалитет во Охрид

Петокот беше отворен Steve’s Coffee House, како новитет во охридската, а и македонската угостителска понуда. Бидејќи во нашата стручна литература не постои ваков вид на објект, како најсоодветен ќе го користиме поимот кафе-бар.  Англиската кованица “coffee house” кажува дека се работи за место во кое се служи кафе и во кое гостинот треба да се чувствува опуштено, исто како дома. Кафе-баровите функционираат на системот на самопослужување. Најдобар пример за ваков објект од светски рамки е Starbucks.

Следните фотографии се од отворањето на Steve’s Coffee House, нормално се обележа со шампањско. Честитки до сопствениците и менаџери Александар, Весна и Фанче (од десно према лево), за одлуката за промена и вложениот труд да достигнат високо ниво на квалитет по светски стандарди и изградат сопствен бренд.

 

 

За да ја постигнат целта кон која се стремат на посетителите им нудат широк избор од кафе и други топли напивки, како и ладни пијалаци и храна (сендвичи, салати, колачи, торти). Она на што треба да се навикнеме е самопослужувањето. А убавината во тоа е што си нарачувате тоа што сакате, плаќате, со нарачката се сместувате и опуштате без да Ви „виси“ келнер над глава или да го „бркате“ за да платите. Едноставно уживате во Вашето време за кафе и заминувате кога сакате.

 

 

Како љубител на благо овие неколку денови ги испробав повеќето десерти. Баш сум пријатно изненадена што секогаш наоѓам нешто ново да пробам. Не пропуштајте да го пробате колачето со путер од какао coockie, питата со јаболка или чоколадната коцка со вишна. Што и да изберете нема да погрешите.

 

 

Сè е убаво уредено, внимателно избрани вкусови, се користи најфиното белгиско чоколадо Callebaut, најдобрите кафиња и пијалоци, сето тоа искомбинирано со прекрасниот поглед на Охридското Езеро за Ваше уште поголемо задоволство.

01Клучна улога има атмосферата и амбиентот на местото. Без оглед на нивните разлики во разни земји, тоа што Steve’s како и сите coffee house го имаат заедничко е нивната намена како центри за интеракција меѓу посетителите: место за разговор, запознавање нови луѓе, читање, пишување, работа, дружење, индивидуално или во мали групи. Токму поради тоа е направен прекрасен распоред на масите за седење, како во домашен амбиент, за повеќе или помалку луѓе.08

Се надевам со фотографиите успеав да Ви доловам дел од пријатната атмосфера.

09

Steve’s Coffee House се наоѓа во рамките на Хотел Royal View на самиот кеј на Охридското Езеро.

Како што Александар најави ќе следуваат интересни и бројни новитети. За да бидете во тек со она што следува заследете ги на Instagram и Facebook.

Сé што Ви преостанува е доколку веќе не сте биле, да го посетите кафе-барот и да кажете дали сум во право. Сигурна сум дека од како ќе го вкусите квалитетот што се нуди ќе сакате да уживате во него во секоја наредна прилика.

 

9 thoughts on “Steve’s Coffee House – врвен квалитет во Охрид

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.