Резбарство Дел 3 – Трон на резбарството во Охрид

„Традицијата живее затоа што младите луѓе ја доживуваат нејзината романса и додаваат сјај на истата“

-Michael Novak

Има денови кога забораваме колку е важна традицијата. Таа претставува моќна сила создадена во минатото која нè потсетува колку е важно наследството, додека сите гледаме кон иднината. На тој начин правиме баланс помеѓу минатото и иднината, баланс помеѓу старите и новите генерации. 

Кога и да поминувам низ стариот дел на Охрид вниманието ми го привлекува еден натпис поради пораката која ја носи „It’s the art that leaves the mark“ (Уметноста е таа што остава трага). Овие зборови се изгравирани на парче дрво и ги покануваат минувачите да влезат во работилницата каде креативноста го трансформира дрвото во уметност. Малото магично место каде што сето ова се случува е резбарското ателје „Трон“.

Семејството Неловски, Иво (на фотографијата подолу) и неговиот татко Драган, се луѓето одговорни за магијата во „Трон“. Драган го научил занаетот во резбарското ателје кое се наоѓало во склоп на фабриката ЕМО во 90те и веќе 25 години му претставува главен извор на егзистенција. При тоа имал можност да учи од едни од најдобрите резбари во тоа време Стефчо Гроздан и Љупчо Спасески. Подоцна одлучува да го пренесе стекнатото знаење и страст кон резбањето на неговите два сина, со што резбарството прераснува во семеен бизнис. Семејството Неловски секојдневно ја доближува оваа уметност до посетителите на нивното ателје, од кои многубројни се туристи, а добредојден е и секој кој има интерес и желба да научи повеќе.

Во нивна изработка се среќаваат различни видови на резба кои можете да ги видите, најчести се традиционалните длабока и плитка резба. Исто така можете да видите и помодерни дизајни како маските на влезот. Тоа е уште еден момент каде што се чувствува како традицијата се соединува со модерната уметност.

Доколку ја посетите галеријата ќе добиете објаснување за самиот процес на изработка на резбите, како и да видите како се одвива истиот на лице место пред вашите очи. Сум го слушнала Иво многу пати како им го објаснува тоа на туристите, секој пат со поголем ентузијазам од претходно. Како основен материјал го користат ореовото дрво, кое е едно од најдобрите за изработка на резби. Се надевам дека преку фотографиите можете да ја почувствувате атмосферата присутна во студиото која секогаш предизвикува љубопитство кај минувачите. 

Повеќе за одделните чекори на резбање ќе пронајдете во статијата Резбарство Дел 2 тука.

Резбите се уникатни сувенири кои може да се купат во Охрид со 100% гаранција дека се направени во Охрид, за разлика од многу други сувенири. А и вреден подарок кој останува и за идните генерации. Кога се шетате во стариот град на Охрид не пропуштајте да го посетите и ова место, веднаш после куќата на Робевци. Попрецизна локација тука.

http://juststrong.com/discount/WHISPERVES10
CLOTHING FOR STRONG WOMEN

Влез: слободен

Работно време: Понеделник – Сабота 10:00-14:00 18:00-20:00                                                       Недела 10:00-14:00

Повеќе за историјата и развојот на резбарството во Македонија ќе пронајдете во статијата Резбарство Дел 1 и запознајте уште едно семејство што го одржува занаетот жив во Резбарство Дел 2

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.