Што научив од една година блогирање

Пред една година го создадов Whisper – блог за патување и животен стил. Верувајте воопшто не изгледаше како што изгледа денес. Во текот на таа една година еволуираше со што ги опфати и другите платформи на социјалните мрежи, како и оваа веб страна. Со текот на времето растеше и се менуваше, исто како и јас.

Откако ги изгледав сите можни YouTube видеа за почнување на блог и куп поставени прашања до моите пријатели, нареден чекор беше правење фотографии и пишување за тоа што ми претставува страст. На тој начин возбудливо влегов во овој магичен свет на блогирање минатата година.

Би сакала да издвојам неколку минути и да ги напишам работите кои ги научив за блогирањето, а и за себе, откако станав блогер. Добро е повремено да се потсетиме од каде сме, што сме научиле и да се обнови возбудата за понатамошно творење.

Еве што научив во оваа мината година

  1. Блогирањето одзема многу време. Неопходно беше да го балансирам посветеното време за блогирање со семејството и работата која ги плаќа сметките и се останато.
  2. Да го правам она што ме прави среќна. Времето лета, никого не чека, треба максимално да се искористи за она што најмногу го сакаме.
  3. Блогирањето како креативен израз испадна многу добро за моето емотивно здравје. Конечно најдов начин како да ја искористам креативноста, при тоа и нешто корисно да произлезе и остави трага. Во секојдневното лудило блогирањето е нешто што ме опушта и исполнува.
  4. Блогирањето ми донесе пријателства со луѓе кои сеуште не сум ги ни сретнала, а секојдневно контактираме преку социјалните мрежи, особено Инстаграм. Инстаграм знае да биде и напорен, исполнет со негативност, во секој случај помалку од другите социјални мрежи, поради што претставува единствена социјална платформа која активно ја користам. 
  5. Да се грижам помалку за она што другите мислат за мене. Нема што да се замарам, се грижам за својата среќа и среќата на моите најдраги.
  6. Трудот и потрошеното време треба да се наплаќаат како и во секоја друга работа. Направив некои работи бесплатно, и да бидам искрена сеуште учам како да наплаќам, незнам зошто ми е тоа толку тешко. Да се потсетиме на #1.
  7. Запомнете дека сте уникатни, имате приказна да раскажете и не постои друг блогер ист како вас. На останатите тоа може да им се допаѓа или не. Да се потсетиме на #5.
  8. Никогаш да не се споредувам. Секогаш ќе има некој со повеќе следбеници, што добива повеќе лајкови, повеќе соработки и спонзорства, изгледа помодерно и така натаму и така натаму. Фокусирајте се на вашиот блог, вашиот Инстаграм, вашиот живот.
  9. Сакам да фотографирам, во минатиов период научив повеќе и за уредување на фотографиите што е речиси подеднакво важно. Постојат прекрасни апликации кои можете да ги користите на смарт телефон.
  10. И за крај ценете ги вашите следбеници и читатели. Тие си имаат свој живот и често се презафатени. И знаете што- Има толку многу блогери, а овие ваши читатели избрале токму вас да ве читаат. Бидете благодарни дури и ако се тоа само неколку стотина или неколку илјади. 
http://juststrong.com/discount/WHISPERVES10
CLOTHING FOR STRONG WOMEN

Благодарна сум на сите вас мои пријатели, читатели, следбеници, кои всушност се грижите за овој мој мал простор на интернетот. Како и секогаш ви благодарам за читањето. Немате претстава колку го ценам секој од вас. 

Секогаш сум отворена за нови идеи и промени. Доколку сакате да видите нешто друго на блогот слободно коментирајте или контактирајте ме директно преку Контакт страната. Ви благодарам!

Advertisements

2 thoughts on “Што научив од една година блогирање

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.