
„На жената и требаат низи и низи од бисери.“
-Коко Шанел
Накитот претставува најсоодветно дополнување на женската убавина. Ретко која жена не го обожава и посакува и ретко која жена не сака да добива внимателно и со вкус избрани подароци. За овој 8ми Март ја решивме Вашата дилема што да и подарите на Вашата драга особа.
Најубавиот накит кој претставува вечна класика е токму бисерот. А ние сме горди што го имаме Охридскиот Бисер како македонски бренд кој скоро еден век ја надополнува убавината на дамите низ целиот свет. За овој 8ми март да се погрижиме тоа да бидат што повеќе дами во нашата земја.
Благодарение на семејството Филеви од Охрид, доследни на традицијата но во тренд со модните збиднувања и потребите на современата жена, бисерите комбинирани со филигран, маркизет и други елементи може да бидат дел од Вашето секојдневие. Научете повеќе за историјата и Тајната на Охридскиот Бисер.
View original post 304 more words
Joias são o melhor presente para as mulheres, independente de datas especiais.
LikeLiked by 1 person