Резбарство Дел 1

For English click here

♣   ♣   ♣

Резбарството е уметност која раскажува приказни со векови. Секој посветен момент, секој потег со длетото во создавањето на оваа уметност има свое значење. Исполнето со љубов и емоции низ рацете на  резбарот, секое парче дрво оживува и ни кажува колку е важно наследството.

Не само што убавината на дрворезите ќе ве остави без здив, туку и ќе ве фасцинира обземајќи ги сите ваши сетила и ќе ве исполни со позитивна енергија. Особено доколку знаете колку време и енергија е неопходно за нешто такво да се создаде.

Постојат фамилии кои го пренесуваат занаетот од генерација на генерација и сè уште создаваат прекрасни креации кои еволуирале низ времето. Сè уште можете да го почувствувате духот на минатото слеано со сегашноста, а резултатите ќе ве воодушеват.

Во овој пост би сакала да ви го доближам овај уметнички израз и воедно кажам по неколку зборови за местата на кои можете да ги видите и ден денес.

Иако резбите се тешки да се сочуваат, за разлика од металот или каменот, постојат многу добро сочувани примероци кои најчесто може да се видат во црквите и манастирите. Резби биле исто така произведувани и за декорација на џамиите, куќите на богатите, како и на сараите.

Најстариот и најзначаен споменик на оваа уметност се наоѓа во Охрид во Галеријата на Икони. Тоа е  скулптурата на Св. Климент Охридски која датира од крајот на XIII или почетокот на XIV век. Последните проучувања покажаа дека скулптурата е создадена од локален резбар, по примерот на постари слични скулптури.

01

Еден од најзначајните резбарски споменици е единичната врата на црквата Св. Никола Болнички од Охрид. Најстарите врати од овај тип на Балканот се вратите на манастирите Olimpiotis во Tessalia, изработена во 1296 година, вратите на манастирот на Panagios Mavriptis во Костур, датирајќи од крајот на XI и почетокот на XII век. Охридската врата датира од XIV бек, како и вратите на црквата на Рилскиот Манастир во Бугарија. Последните проучувања на вратата покажаа дека има единствена композиција и дистрибуција на мотиви со Источно и Византиско потекло.

Најстариот иконостас во дрворез во Македонија се наоѓа во малата црква Мали Свети Врачи, или позната како Св. Кузман и Дамјан, од истиот период.

Во Македонија среќаваме многу поскромни иконостаси кои што датираат од XVII век. Такви се на пример манастирите во Карпин, Полошки, во близина на Демир Хисар, како и манастирската црква на Св. Никола во Слепче, Прилепско. Во овој период покрај иконостаси исто така се изработувале големи крстови кои се поставувале во горните делови на иконостасот. Иконостасите имале два реда на икони – основните елементи, како и посликовити дизајни.

Уметноста на резбарството во Македонија во текот на XVIII век е под големо влијание на италијанскиот барок, кој преку Света Гора се раширил на остатокот од Балканскиот Полуостров. Иконостасот во манастирот Св. Наум во Охрид претставува врвно уметничко достигнување од почетокот на XVIII век. Тоа е периодот кога резбарските форми добиваат тродимензијален аспект. Друг пример од тој вид може да се види во црквата Св. Димитрија во Битола.

11

Општиот развој на македонската нација во првите декади на XIX век се почувствува и на полето на оваа уметност. Габаритните иконостаси изработени за катедралните цркви изградени во овај период во Македонија условуваа вработување на повеќе резбари. Најчесто при градбата на една црква се формирале тимови од сите потребни занаети, кои заедно ги завршувале сите фази од изградба и декорирање на црквата.

Петре Филиповски – Гарката, неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски од селото Галичник ги изработија иконостасите на црквите Св. Јован Бигорски, Дебарско и Свети Спас во Скопје. Нивниот тим резбари исто така работал на куќите на беговите во Македонија и Призрен, Косово и други околни места.

Манастирот Св. Јован Бигорски е место кое вреди да се посети. Дрвениот иконостас е изработен во периодот од 1830 до 1840 година. Претставува грандиозен пример на македонското резбарство. Како и секогаш,  покрај сцените од стариот и новиот завет, резбарите на иконостасот изработувале свој автопортрет, како нивни потпис.

bigorski2

bigorski1

portret

Истите мајстори работеле и на иконостасот од црквата Свети Спас во Скопје од 1924 до 1929 година. Иконостасот е десет метри долг и шест метри висок. Интересно е да се види дека некои карактери во Библиските сцени се облечени во народни носии од Галичкиот крај. (Родното место на мајсторите).

DSC07668

Тоа беше спектакуларниот подем на резбарството во Македонија. Додека крајот на XIX и почетокот на XX век влегуваме во темен период.

Резбарството денес претставува редок занает кој сѐ уште постои во некои семејства. Но повеќе за тоа во Дел 2.

Како за крај можам само да кажам дека сме среќни што сѐ уште можеме да ги видиме овие ремек дела и се надевам дека сте ги или ќе ги посетите во иднина. Уживајте во фотографиите кои следуваат.

8

10

6

7

4

5

Фотографиите се позајмени од Macedonian Wood-carving од Димитар Чорнаков.

Advertisements

One thought on “Резбарство Дел 1

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.