Да се скрши мразот

For English please click here.

Ајде да ставиме во прва и тргнуваме! Редно е веќе да се скрши мразот и да го објавам првиот пост. Причината што сè уште не сум објавила нeшто е што се мислев премногу како да почнам, за што да пишувам. Хаос од  идеи, пребарување фотографии на хард дискот… Сè ме водеше кон љубовта за мојата земја, мојот град.

Презентирајќи им на туристите со кои работам факти, приказни, легенди пренесувам сакала или не и чувства и емоции. Македонија е мала но убава земја, сè уште не доволно откриена од остатокот на светот, но и од нас. Има места на ова тло кои се на мојата листа за посета, па заедно можеме да ги откриваме преку моите страници.

DSC07163

 Ова беше особено убава сезона со многу работа за сите нас во туризмот. Но, иако очекувано, крајот на сезоната дојде некако наеднаш. Со последни сили и резервна енергија ги завршив последните групи, па следуваше период на одмор и релаксација, повеќе време со семејството, поголема посветеност на мојата „главна“ работа, средување на сè што се запоставило во претходниот период. Траеше тоа извесен период и наеднаш…

…тишина. Тишина колку што може да се замисли со две мали деца и куче дома. Сепак за чудо имав периоди од денот кога имав слободно време, едноставно да гледам некоја серија, да излезам на кафе со пријателите, на shopping и што и да ми паднеше на памет. И од како ја изгледав седмата сезона на Game of thrones и цел серијал на 13 Reasons why, ги средив сите плакари по дома, се видов горе долу со повеќето пријатели… малку ми стана досадно.

Почнав да трошам време на Instagram и налетав на една млада блогерка,  почнав да читам објави, нејзини, па на други и едноставно почнав да се замислувам на нивно место. И јас имам многу да кажам и споделам. Почнав да истражувам, го направив својот блог и сега дојде моментот за првата објава. Е сега дали да пишувам на македонски или на англиски јазик,  премногу дилеми како за почеток. Се решив да го направам тоа и на двата јазици со мали прилагодувања.

Па да не бидам премногу долга и досадна уште од старт, искрено се надевам дека ќе сакате да ги читате моите објави и ќе ви се допаднат. Благодарна ќе бидам за сите сугестии и коментари, сепак учам, тука сме да се забавуваме. Се читаме за скоро со нов пост.

2 thoughts on “Да се скрши мразот

Leave a comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.