For English click here.
Што всушност значи да се биде добра личност?
Никој не е совршено добар, но, секогаш може да биде подобар од она што е. Добрите личности се посреќни и позадоволни. Затоа да започнеме од некаде. Ова се некои од начините или да ги наречам советите, по кои доколку се водите ќе промените и постигнете многу за себе. Па нека бидат цели за постигнување во следната 2018 година:
- Почнете со откажување, откажете се за почеток од една лоша навика, дали тоа ќе биде пушење, оговарање или осудување на другите, Вие одберете која. Тоа само ќе придонесе за Ваше подобро физичко или ментално здравје, а можеби и двете доколку се концентрирате на покорисни нешта.
- Доколку нешто не Ве прави среќни неопходна е промена, било да станува збор за работа која Ви создава стрес, цел која никако да ја постигнете или круг на луѓе кои Ве полнат со негативна енергија. Поминало доволно време додека сте чекале нештата да станат подобри, личностите не се менуваат, или прифатете ги какви што се или заминете.
- Во следнава година мора да си посветите повеќе време на себе. Во здраво тело здрав дух, треба да ги негуваме и телото и духот. Доколку сакате сигурно ќе издвоите 1 час за вежбање, пешачење или друга активност. Секогаш се наоѓа начин да се организира времето. Сигурна сум дека дамите можат барем еднаш неделно да издвојат време да стават маска за лице, нема жена што не може да си го дозволи тоа, а кожата ќе Ви биде благодарна. Читајте, гледајте филмови, слушајте музика или нешто Ви е драго. Правете го она што Ве релаксира, Ве исполнува.
- Поминувајте повеќе квалитетно време со најблиските. Со денешното темпо на живот некогаш ни изгледа невозможно да одвоиме време за најблиските, внимавајте да не претерате со работа и други обврски. Излезете да прошетате со семејството, пријателите, изгледајте филм заедно, изиграјте некој boаrd game. Тие моменти се подрагоцени од колку домот да биде среден. Посветете им повеќе време на родителите, најсреќни сѐ кога се со Вас. Поминете по именикот и јавете им се на сите оние кои Ви значат, а не сте ги слушнале подолго време, па ако е можно и видете се.
- Прифатете ги грешките и научете да простите. Колку и да Ви изгледа тешко животот ќе Ви биде поубав. Секогаш слушнете ја и другата страна, дознаете ја целата приказна пред да донесете погрешна одлука. Борете сè за она во што верувате, но ислушајте ги и другите што имаат да кажат.
- Бидете фини и љубезни, дури и со непознатите. Ширете позитивна енергија наместо лутина. Доколку им се насмевнете на луѓето што ги среќавате, на истиот начин ќе Ви биде возвратено. Како што секогаш кажуваше еден мој професор насмевката е бесплатна, а може многу да Ви донесе. Помагајте им на постарите. Научете да слушате.
- Преземете ризик! Како би добиле нешто повеќе доколку не ризикувате? Доколку цел живот се плашите да преземете нешто, за секогаш ќе останете таму каде што сте. Така почнува да се создава незадоволството, знаејќи дека сте можеле, а ништо не сте направиле да го постигнете тоа. Само со ризик се доаѓа до промена и напредок.
- Имајте цел во својот живот! Замислете кога и каде сакате да се најдете и почнете да го остварувате тоа чекор по чекор. Секогаш со позитивни мисли, не дозволувајте попатно да Ве обесхрабрат зајадливите, не се откажувајте!
- И сфатете веќе еднаш, луѓето не се замараат премногу со Вашиот живот, зафатени се со својот! Нека не Ви биде важно што други ќе помислат или речат. Живеете за себе не за нив. Оговарања секогаш имало и ќе има во нашето општество, ако ги игнорирате исто како да ги нема.
- Доколку немате, најдете си хоби. Нешто што ќе Ви го одвлече вниманието од секојдневието, што ќе Ви ја разбие монотонијата. Може да биде нешто што ќе го правите заедно со пријателите, со своите деца, или сами доколку така сакате. Тоа е начин да се дружите со другите, да поминете квалитетно време со семејството, да ја искористите креативноста која веќе долго тлее или едноставно да ја исфрлите нервозата од себе. Може и да научите нови работи или да се надградувате.
Сосема случајно испаднаа 10 цели за постигнување во следнава 2018 година. Некои од целите треба континуирано да се одржуваат, но штом еднаш ги остварите и ги почувствувате придобивките нема да сакате да престанете 😉 . Дури и ако постигнете и половина е супер, значи дека се трудите да станете подобри личности, а воедно и посреќни.
Јас лично знам кои се моите цели и од каде ќе почнам.
Доколку нешто сум испуштила, слободно додадете во коментари.
И за крај да Ви посакам среќна нова година и остварување на Вашите цели за истата.
На сите Вас на кои Ви се допадна содржината следете го Блогот или кликнете Like на FB страната тука.
Nominated you for the sunshine blogger award! Hehe
LikeLiked by 1 person