
For English click here!
Пештерата Пешна преставува една од најатрактивните природни убавини во нашата земја, прогласена за природно наследство на Македонија. Воедно претставува пештера со најголем отвор на Балканот. Сместена е на само 6 км од Македонски Брод на регионалниот пат за Самоков.
За жал, не многу луѓе знаат за оваа убавина која е сеуште неистражена туристичка дестинација. Затоа во оваа статија ќе се запознаеме подобро со ова наше богатство и се надевам ќе посакате да ја посетите. Иако Пешна се наоѓа на само 1,5 час возење од Охрид ова беше мојата прва посета на пештерата заедно со мојот сопруг. Неколку месеци ја планиравмее оваа посета, но секогаш одложувавме поради некоја причина. Конечно дојде моментот да го видиме ова чудо на природата.
Полека се приближувавме со автомобилот и кога наеднаш во ридовите пред нас се појави огромно окно. Следуваа извици на изненадување и возбуда. Очекувавме да биде голема, но не до толку. Пред да тргнеме, се разбира, истражувавме на интернет и ги видовме фотографиите на пештерата, но верувајте ми, ништо не може да ве подготви за она што ќе го искусите на самото место.Го паркиравме автомобилот пред ресторанот на крајот од патот и продолжиме пешки. Тоа беше пријатно и возбудливо 10-15 минути пешачење до влезот. Патеката што води кон пештерата е затворена со дрвја и грмушки и води кон нејзиниот неверојатно огромен влез.
Како што се приближувавме, звукот на реката стануваше посилен. Ова е веројатно најдобриот период од годината да се посети пештерата, бидејќи има голема количина на вода што излегува од пештерата правејќи прекрасни водопади. Знаев дека треба да има мало езеро на крајот на пештерата, кое за жал го немаше. Веројатно во текот на изминатите години водата го сменила патот.









Reblogged this on Alessandria today.
LikeLiked by 1 person
Thanks 💕
LikeLike
Prekrasno. Mnogu pozdrav, Balle 🤗
LikeLiked by 1 person
Blagodaram 🌷 pozdrav
LikeLike