Безвременско катче

For English click here

Постои едно скриено катче во тесните калдрмени улички кое стои таму како портал кој Ве носи на патување во едно друго време.

Добре дојдовте во Националната работилница за рачно произведена хартија.

На ова патување топло ќе бидете пречекани од господинот Љупчо Паневски или неговиот син Нино, некогаш и други членови од семејството.

This slideshow requires JavaScript.

Патот на рачно произведената хартија започнува во Кина каде оваа постапка е измислена во II век. Првата хартија се произведувала од бамбус, меѓутоа поради исцрпувањето на количините на бамбус се дошло до револуционерно откритие, да се произведува хартија од дрво.

Дури во XII век хартијата тргнува на своето патешествие во Европа. Најпрво во Шпанија, односно во Барселона, потоа во Венеција,  Дубровник и на крај Охрид, Македонија.

Во манастирот Св. Наум хартијата се произведувала во XVI век. Назад во овај период ќе не врати работилницата на семејството Паневски, единствени во овај дел на светот што произведуваат хартија на ваков начин. Навистина за восхит.

Рачно произведената хартија е сосема поразлична од фабричката. Прво поради својот состав кој е на сосема природна база, срцевина на дрво, некогаш комбинирано со памук и различни додатоци за декорација, како цветови, тутун, тревки, зачини и сл. Не содржи никакви хемикалии, ниту лепила, ниту ја загадува животната средина со отпадни води. Поразлична е и поради начинот на производство, љубовта и вниманието кое се внесува во секој лист хартија, духот и автентичноста на некое друго време.

Постапката се состои во неколку чекори:

  • зависно од видот на дрвото се сече срцевината под различен агол на ситни честички (бојата зависи од видот на дрвото)
  • честичките стојат во вода 23-31 ден при што честичките се врзуваат меѓу себе
  • се користи дрвено сито со мрежа да се исцрпи одредена количина од растворот
  • водата се цеди и идната хартија се пренесува на рамна површина (може да биде различен материјал)
  • се става под преса да се исцеди поголемата количина од водата
  • се суши на отворено 2 дена
  • се става под преса да се израмни

This slideshow requires JavaScript.

Во работилницата се наоѓа и копија од Гутемберговата преса на која што е испечатена првата библија.  Оригиналната се наоѓа во Мајнц, Германија. Пресата која сè уште се користи е преку 150 години стара.

За печатење на хартијата се користеле метални букви кои се поставувале од десно кон лево, потребно било, замислете, 1,5 часа за една страна. Подоцна се изработуваат клишеа и постапката многу се забрзува.

This slideshow requires JavaScript.

Доколку ја посетите работилницата ќе добиете објаснување за целата постапка во повеќе детали, можете и сами да го направите своето парче хартија.

Голем број туристи ја посетуваат работилницата и се изненадени и во исто време воодушевени од тоа што тука го наоѓаат.

Посетете ја нивната веб страна за повеќе информации, кликнете тука. Или најдобро одвоете  време независно дали сте од Охрид или го посетувате градот и тргнете на ова патување низ времето. Работилницата се наоѓа во близина на археолошкиот музеј – куќата на Робевци.

Работно време: понеделник-сабота 08:30-21:00 часот, недела и зимско работно време: 11:00-15:00 часот.

Влез слободен.

Од сè она што се произведува од хартијата сигурно ќе Ви се допадне нешто што можете да си го купите како уникатен сувенир.

Доколку овај пост Ви беше интересен за читање, замислете само колку е поинтересно да сте таму и да гледате како хартијата се создава пред Вас.

3 thoughts on “Безвременско катче

  1. Това е наистина чудесно място! Аз имам така отпечатани спомени. Вашата статия е много добра. Поздрав от София!

    Liked by 1 person

Leave a comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.