Трансформациjа, маска или природна убавина

Употребата на козметиката е позната уште од античко време. Споменато е „Боење на лицето“ во Стариот завет, Египјаните, Античките Грци и Римјаните, преферирале блед тен за која цел користеле бело олово во прав, креда, скроб, калајоксид и други состојки. Жена со потемен тен се сметала за жена на ниска класа, па почитуваните госпоѓи поминувале низ сè и сешто само да го добијат посакуваниот тен. Во Средниот век се одело дури и до тие крајности што жени умирале од употреба на арсен во производите за избелување.

Во 18-от век Луис XV направил да биде модерно за мажите да носат шминка базирана на олово. Театарските актери носеле тешка бела основа. Во доцниот 18-ти и раниот 19-ти век жените од Викторијанското доба носеле многу малку или воопшто не носеле шминка. Кралицата Викторија ја забранила шминката и сметала дека е соодветно само проститутките и слободните жени да се шминкаат. Прифатливо било само актерите, и од двата пола, да бидат нашминкани.

Секој период со себе носи нешто специфично, но шминката секогаш ја истакнувала женската убавина или барем она што се сметало за убаво. Во почетокот на XX век шминката драматично ќе еволуира, така да денес имаме козметички производи за најразлична намена и што е најважно безбедни за човековото здравје.

И денес вкусовите се разликуваат, зависно од опкружувањето, професијата, навиките. Тоа е и она што е најубаво во денешно време, можеме да бидеме тоа што сакаме. Декоративната козметика – шминка, повеќе или помалку ја користат сите жени во секојдневието.

Додека за посебни пригоди се осврнуваме кон професионалните шминкери или Makeup artists веројатно затоа што сакаме да изгледаме совршено, како во живо така и на фотографиите кои ќе ги гледаме и долго потоа откако ќе ја извадиме шминката или пак затоа што сакаме да споделиме со нашите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.

Притоа е многу важно на кого ќе ја дадеме таа доверба, да седнеме на столчето и да бидеме разубавени и задоволни од она што го гледаме во огледалото. Од тој избор зависи дали од шминкерското столче ќе станеме како подобра верзија од себе си или како друга личност што не ја препознаваме на прв поглед, зависи дали ќе изгледаме природно убаво или како со маска на лицето од многуте слоеви на подлоги, коректори, пудри итн.

Многу е важна комуникцијата меѓу двете личности кои учествуаваат во овој магичен процес, за на крајот да го добиеме саканиот резултат. Факт е дека кога изгледаме поубаво и нашата самодоверба е на повисоко ниво. Замислете да Ви се разниша самодовербата баш за некој многу важен настан во последен момент, токму поради Вашиот изглед, тогаш кога веќе немате избор, ни време да се корегира.

Во Охрид има многу шминкери, малубројни се професионалните артисти, многу поголем е бројот на  шминкери кои користат не толку квалитетни продукти и шминкаат за малку пари. Знаеме колку е важно да трае шминката, особено  во топли денови, изложеност на сонце, потење и долги часови на Вашето лице.

Неодамна во Охрид се отвори нов салон за убавина Jasmin Eye, едноставно морав да го споделам со Вас моето позитивно искуство. Се користат високо квалитетни производи кои нема да разочараат, како во изгледот така и во трајноста. И секако она што е најважно е крајниот резултат, благодарение на комуникативноста и исполување на желбите со консултација во рамки на возможното, со сигурност ќе станете од столчето со насмевка на лицето.

Јасмина го преферира природниот изглед, кога ја гледаме жената да ја гледаме нејзината убавина, а не нејзината шминка.  Сепак присутна е флексибилност во зависност од Вашите желби. Имав можност да фотографирам некои од прекрасните дами кои Јасмина ги нашминка и да го почувствувам нивното задоволство, меѓу нив сум и јас. Погледнете и сами на фотографиите кои што следуваат.

 

 

 

За крај можам само да додадам бидете она што сте. Шминката нека го истакне убавото, а прикрие недостатокот. Шминкањето е навистина уметност, сепак, целта е жената да се чувствува убаво во своја кожа и да остане своја.

За Вас драги дами, важи промотивен попуст од 40% на професионална шминка до крајот на месец Април. Попустот можете да го искористите со покажување на следниот ваучер на Вашиот смартфон:

JasmCoupon

Шминкерското студио Jasmin Eye ќе го пронајдете на Бул. Туристичка 36А, Охрид; контакт телефон 078 319 253; како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram за повеќе информации.

Ви благодарам за читањето, бидете секогаш убави.

 

 

Advertisements

8 thoughts on “Трансформациjа, маска или природна убавина

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s